Аријан Адеми поради повреда ги пропушта натпреварите со Гибралтар и Ерменија

Објавено на 30 Август, 2018 во Вести, Вести


Аријан Адеми, фудбалерот од средниот на Динамо Загреб и македонската А репрезентација поради повреда заработена на возвратниот плеј-оф натпревар од Лигата на Шампиони меѓу Динамо Загреб и Јанг Бојс не е во можност да биде во составот на Македонија за натпреварите од Лига на Нации против Гибралтар (06. септември 2018.) и Ерменија (09. септември 2018.).

Аријан Адеми на дуелот со Јанг Бојс беше заменет по 32. минути игра, а по направените медицински прегледи утврдено е дека има расцепување на задниот бутен мускул (biceps femoris) а, тоа значи дека македонскиот репрезентативец ќе мора да паузира еден месец.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски  дополнително ќе реши дали ќе повикува друг фудбалер за дуелите против Гибралтар и Ерменија. 



   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација