Апликација 12 Играч

Објавено на 23 Март, 2015 во Вести

Поддршката од фановите е најважна за фудбалерите од нашата репрезентација. За таа цел креиравме апликација со која сите ќе можеме да ги мотивираме играчите од македонската фудбалска репрезентација да играат најдобро што умеат.

Фудбалските фанови ќе имаат можност да ги напишат и да ги објават своите најдосетливи пораки за мотивација на своите херои на теренот, како и да ги споделуваат пораките и да собираат лајкови!

Линк до апликацијата: http://goo.gl/2S2dGF

Се што треба да направите е:

  1. Да одберете позадина 
  2. Да ја внесете вашата порака
  3. Да го додадете текстот
  4. Да го позиционирате текстот на позадината и да го персонализирате по ваш избор
  5. Да напишете наслов на пораката
  6. Да ја зачувате вашата порака
  7. Да ја испратите вашата порака

Потоа ќе можете да ја споделите вашата порака на вашиот профил и да собирате лајкови од вашите пријатели. Дваесетте најлајкувани пораки ќе добијат билети за натпреварот Македонија - Белорусија, а корисникот со најмногу лајкови ќе добие подарок дрес од македонската репрезентација.

Пораката нема веднаш да се покаже на апликацијата, туку ќе се прикаже откако ќе се одобри од администраторите. Следете ги внимателно чекорите и осигурајте се дека  сте ја вметнале вашата порака пред да ја зачувате. Доколку не се прикажува вашата порака на сликата, нема да бидеме во можност да ја објавиме.

Да бидеме обединети од радоста што ја носи фудбалот ‪#‎ЗаедноДоПобеда‬




   
   
А репрезентација