Ангеловски: Не е важно кој е противник, туку како ќе одиграме

Објавено на 08 Октомври, 2017 во Вести


Македонската А репрезентација утре против Лихтенштајн ги затвора квалификациите за СП во Русија 2018 година. Селекторот  на Македонија, Игор Ангеловски и репрезентативецот Стефан Ристовски на официјалната прес-конференција изјавија дека Македонија е фаворит на дуелот и доколку пристапот биде правилен очекуваат победа.

-Очекувам фудбалерите да имаат пристап и да влезат во натпреварот како и на изминатите натпревари од квалификациите. Секогаш велам дека  не е важно кој е на спротивната страна, туку како ќе го одиграме натпреварот. Не потценуваме, но ниту преценуваме било кого. Барам да бидеме рамноправен тим против секого, без разлика на противникот во оваа група. Пред нас е меч со противник кого го победивме на нивен терен и не бегаме од фаворитската улога. Ќе барам од моите фудбалери максимално да настапат за да го добиеме овој натпревар, изјави Ангеловски.

-Спировски нема да игра поради жолти картони. Велковски се повреди, можно е формациски да има промени., заврши Ангелвоски.

Стефан Ристовски посакува нов позитивен резултат и вели дека победа против Лихтенштајн би била идеален крај на квалификациите за СП 2018.

-Подготвени сме да покажеме дека сме фаворити. Не треба да ги потцениме, тие играат за својата држава, исто како и нас. Подготвени сме да го покажеме својот квалитет и да покажеме дека бодовите покажуваат едно, а играта друго. Сакаме да победиме и да покажеме дека ни следи светла фудбалска иднина, изјави Ристовски.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

Календар
А репрезентација