Ангеловски и Пандев: Играме за голема цел, ќе потврдиме дека сме најдобри во групата

Објавено на 15 Ноември, 2018 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација на стадионот во Вадуц денеска го имаше последниот тренинг пред утрешниот натпревар со Лихтенштајн од Лига на нации. На официјалната прес-конференција селекторот Игор Ангеловски најави дека утре ќе играме за голема цел, селекторот вели дека верува во репрезентацијата, а ќе избере фудбалери кои ќе донесат победа.

- Атмосферата секогаш била на највисоко ниво, ќе изберам 11 фудбалери кои треба да ни донесат победа утревечер. Верував во оваа репрезентација кога малкумина веруваа. Но, главното што треба да го направат е утревечер. Не е важно против кого играме, туку за што играме. А, утре играме за голема цел. Сите се добро подготвени, па така и Столе Димитриевски. Јас кажав дека тој е прв голман, тој брани во Примера и воопшто не се сомневам ни во него, ни во останатите. Наша цел беше да дојдеме неколку дена порано и да се аклиматизираме, но и да го избегнеме дополнителниот напор на пристигнување до Скопје, изјави Ангеловски.

Капитенот Горан Пандев вели дека оваа репрезентација ќе потврди дека е најдобрата во групата.

-Поразот во Ерменија беше една лоша вечер за нас, но и за судијата. Но, сега мислеме на Лихтенштајн. Добро се познаваме, често играме против нив во последните години и мислам дека ако одиграме како што знаеме, нема да имаме проблеми. Уште сме први во групата и не знам зошто толку трагично во нашата земја беше сфатен овој пораз. Ова е нашата најквалитетна селекција и тоа ќе го докажеме. Само да влеземе со чисти глави и нема да имаме никакви проблеми. Разликата од 100 места на ФИФА листата со Лихтенштајн не мора ништо да значи. Пред три години бевме многу блиски до нив, па направивме позитивна серија и се искачивме многу повисоко. Најважни се три бода, без разлика со кој резултат, и в понеделник да го прославиме првото место во групата, изјави Пандев. 




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

Календар
А репрезентација