Ангелоски и Пандев: Шпанија е фаворит, но ние ќе го бараме најдоброто

Објавено на 10 Јуни, 2017 во Вести, Вести


Најдобриот национален тим на Македонија утре во Скопје игра со Шпанија во рамките на 6. Коло од квалификациите за пласман во Светското Првенство кое ќе се одржи во Русија во 2018 година. Свесни дека противникот е фаворит, од нашиот табор не планират да го променат начинот на играње. На пресот пред утрешниот натпревар, селекторот Ангеловски и капитенот Пандев најавија игра како на последните натпревари, со респект за силниот противник, но без никаков страв.

Утре играме против репрезентација која е меѓу четирите најдобри во светот. Но, тоа не ме загрижува, бидејќи очекувам моите момци да го одиграат најдобриот натпревар. За ваков натпревар не е потребна мотивација. Наша работа е да ја подготвиме добро средбата и да си ја завршиме добро работата. Имавме добра можност да ги анализираме Шпанците под Лопетеги, имаат само три нерешени натпревари и нивната игра е за почит. Не отстапувам од мојата офанзивна тактика и без разлика на противникот утре верувам дека ќе ни понудат нови причини за задоволство“, изјави пред новинарите селекторот на Македонија, Игор Ангеловски.

Ќе играме против една од најдобрите репрезентации во светот. Веќе десет дена се подготвуваме за овој дуел, убеден сум дека ќе одиграме добар натпревар, нема што да загубиме и сигурно ќе го дадеме максимумот. Шпанците негуваат отворен фудбал, па тоа е добро и за противниците. Оставаат доста простор, треба да уловите што е можно повеќе контра напади и да ги изненадиме Шпанците“, смета капитенот на нашиот национален тим, Горан Пандев.

Веднаш после пресот нашите репрезентативци го одработија и последниот тренинг пред пресметката со поранешниот светски и европски шампион.


Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија се игра утре на „Телеком Арената“ во Скопје со почеток од 20:45 часот.



   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација