Амбасадорот на кампањата за еднаквост Јане Велковски игра фудбал со Фиго, Хегерберг и Абидал

Објавено на 16 Мај, 2018 во Вести


Јане Велковски, млад фудбалер во електромоторна инвалидска количка од Скопје им се приклучи на голем број поранешни и сегашни фудбалски ѕвезди на настанот пред финалето на Лига Европа во Лион. Тој настапи на егзибициски натпревар што е круна на сезоната и ги застапува вредностите за кои се залага УЕФА.

Како што се ближи кулминацијата во европската клупска сезона, кампањата #EqualGame го слави едногодишниот јубилеј. Грасрут фудбалерите кои се дел од кампањата споделувајќи ги фасцинантните фудбалски приказни се собраа во УЕФА Лига Европа селото еден ден пред одигрувањето на финалето.

Јане е во тимот на Португалската легенда Луис Фиго, амбасадорот на финалето во УЕФА Лига Европа Ерик Абидал, заедно со Ада Хегерберг и соиграчката од Олимпик Лион Шанси ван ден Санден.

"Кога играм фудбал се чувствувам како сите останати", вели Јане. "Се чувствувам прекрасно бидејќи можам да учествувам во играта па дури и да предводам тим"

Останатите натпревари одиграни под знакот на #EqualGame/Respect на местото на настанот вклучуваа дел од социјално одговорните партнери на УЕФА - лица со инвалидитет, во колички и слепи фудбалери, се со цел за позитивна промоција на вклучување различност и пристапност до Европскиот фудбал.

Во духот на пораката "Фудбалот е за сите", која е испратена во текот на кампањата Respect #EqualGame. УЕФА на едно место ги собра врвните ѕвезди и грасрут фудбалерите да покажат дека фудбалот е отворен за сите без разлика на возраста, полот, способноста, религијата, сексуалната ориентација, етничката и социјалната припадност.

Сите инспиративни фудбалски приказни можете да ги најдете на www.equalgame.com




   
   
Актуелности
Календар

21 Сеп

16:00 Македонија - Кипар
    Жени У19 пријателска

23 Сеп

11:00 Франција - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Македонија
    Жени У17 квалификации за Европско

26 Сеп

15:30 Македонија - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Франција
    Жени У17 квалификации за Европско

12 Окт

00:00 Русија - Македонија
    У21 квалификации за Европско

13 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    УЕФА Лига на Нации
14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација