А ЖЕНИ: Мaкедонија освои бод против Естонија

Објавено на 16 Јуни, 2014 во Вести, А репрезентација жени

Женската А репрезентација на Македонија ја прекина серијата порази во квалификациите за пласман на СП во Канада.

Против Естонија во Талин, Македонија одигра нерешено 1:1. Наташа Андонова во 39 минута го постигна голот за нашата репрезентација. Домашната селекција го отвори резултатот со погодокот на Катрин Ло во третата минута. Двете репрезентации имаа 31 обид да постигнат гол, Македонија упати 14 удари кон голот на Естонија. Освоениот бод во Талин е прв за селекцијата предводена од Добре Димовски во циклусот за пласман на СП во Канада. Македонија е во група со Шпанија (22), Италија (19), Чешка (8), Романија (5) и Естонија (4). Следниот натпревар го играме против Чешка на гостински терен на 18 јуни во Прага.


https://www.youtube.com/watch?v=tTLumPLlZZE

На натпреварот против Естонија, нашата репрезентација играше во следниот состав:

Фроска Костова, Анета Георгиева, Катерина Милевска (Александра Марковска 86`), Драгана Костова, Стефани Скерлевска, Гентијана Рочи, Ленче Андреевска, Наташа Андонова, Афродита Салихи, Накшие Кривањева (Симона Крстановска 74`), Тања Митревска (Ана Веселинова 90`). 






   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација