А репрезентација (жени): Квалификации за ЕП ги отвораме против Исланд

Објавено на 20 Октомври, 2015 во Вести, А репрезентација жени


Во четврток,  22. октомври, женската фудбалската репрезентација на Македонија во натревар против Исланд ги започнува квалификаците за пласман на Европското првенство во Холандија 2017 година.

Пет дена подоцна, на 27. октомври, избраничките на Ванчо Балевски ќе одиграт уште еден натревар во групата 1 против селекцијата на Шкотска. Двата натреварите ќе се играат на терените на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје со почеток во 13.30 часот.

По ждрепката одржана во Нион, нашиот национален тим за противници ги доби селекците на Исланд, Шкотска, Белорусија и Словенија. По воведните два натревари следи едномесечна пауза, по што ќе бидат одиграни и натпреварите со Белорусија на домашен терен и Шкотска и Словенија на гости.

„Не очекува тежок натревар. Исланд веќе имаат одиграно средба со Белорусија и истата ја добија со 2-0. На овие натревари ќе настапиме со подмладен состав. Поради повреда ќе недостасуваат четири фудбалерки. Во овој квалификациски циклус сите не сметаат за аутсајдери. Се надевам дека ќе го дадеме максимумот и дека сите повикани фудбалерки ќе ја оправдаат довербата“, истакна селекторот Ванчо Балевски.




   
   
Актуелности

13.10.2018    Вести

Вечно ќе се памети првата победа на Македонија во Крањ против Словенија

На 13. октомври 1993 година во Крањ, започна историјата на нашата фудбалска репрезентација. Стартуваше со блескав триумф...

Календар

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

20 Окт

11:00 Фарски Острови - Израел
    У17 квалификации за Европско
14:30 Шпанија - Македонија
    У17 квалификации за Европско

23 Окт

11:00 Шпанија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Македонија
    У17 квалификации за Европско

26 Окт

14:30 Македонија - Фарски Острови
    У17 квалификации за Европско
14:30 Израел - Шпанија
    У17 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација