А репрезентација: Убедлив триумф од 4:1 против Лихтенштајн

Објавено на 13 Октомври, 2018 во Вести, Вести


Македонската фудбалска А репрезентација на „Филип Втори" во Скопје во третиот натпревар од УЕФА Лигата на нации пред околу 10.000 илјади гледачи славеше против Лихтенштајн со резултат 4:1. Исто како пред точно 25 години кога Македонија го имаше својот прв меч во Крањ во Словенија.

Силен притисок на нашите фудбалери уште од самиот старт, Барди од скоро 20. метри се закани, но шутираше право во рацете на Бухел.

Самиот налет се исплати уште во 10. минута Трајковски го искористи додавањето на Пандев за водство од 1:0 на Македонија и радост на трибините. Ова за Трајковски е 13. гол во националниот дрес.

Не запреа нападите за уште поголема позитива и што порано бидат обезбедени трите бода, Пандев покажа уште еднаш зошто е вистински лидер во тимот, едноставно ги гледаше сите страни каде што може да додаде, а во 27. минута се обиде и тој индивидуално со удар, иако заврши над голот, но беше проследен со аплаузи од навивачите за капитенот.

Лихтенштајн свесен дека пред себе квалитетен противник, веќе принудно поради повреда мораа гостите и да менуваат, Селе излезе, на теренот влезе Губсер. Но, тоа секако нас помалку не интересираше, бидејќи наскоро следуваше и вториот погодок и повторно истите играчи во главна улога.
Пандев повторно во улога на асистент, и одново го пронајде Трајковско кој рутински ја затресе мрежата за нов погодок и негов 14-ти во националниот дрес.

Не за долго следуваше и третиот погодок во мрежата на Лихтенштајн, Барди изведе еден силен слободен удар, едвај одбрани противничкиот голман, таа топка се одби до Пандев кој со сета силна шутна за 3:0 во 36. минута и веќе сите дилеми веќе се решаваа околу победникот.

Само 60 секунди подоцна, ривалите намалија после наша грешка во одбраната, Јилдиз убаво беше проигран од нововлезениот Губсер за 3:1 што секако беше опомена за дефанзивниот ред да биде поактивен.

По првите 15 минути од второто полувреме беше мирно на теренот, Македонија воглавно ја контролиираше топката, Лихтенштајн се обидуваше од полуконтри, да се закани, во можност се најде Јилдиз по втор пат да го матира Димитриевски, но сега максимално фокусиран беше чуварот на мрежата на Лихтенштајн.

Но, набрзина повторно навивачите беа кренати откако Алиоски убаво сам се „прошета" низ одбраната на гостинската одбрана, а овој од блиску силно со левата нога ја затресе мрежата за убедливи 4:1. Веднаш после голот громогласен аплауз беше даден за Пандев кој излезе од игра, а на негово место влезе Николов.
Во 78. минута од слободен удар шутираше Барди, но за малку покрај стативата, а потоа и Елмас се обиде од далечина, но резултатот остана непроменет.

Следниот меч избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе го имаат за три дена во Ереван против селекцијата на Ерменија која денеска пред своите гледачи беше шокирана од Гибралтар.




   
   
Актуелности
Календар

14 Ное

14:00 Македонија - Хрватска
    У19 квалификации за Европско

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

17 Ное

17:00 Чешка - Македонија
    У19 квалификации за Европско

19 Ное

20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации

20 Ное

17:00 Луксембург - Македонија
    У19 квалификации за Европско
А репрезентација