А репрезентација: Следува најзначајниот натпревар за нас, веруваме во победа

Објавено на 08 Септември, 2018 во Вести, Вести


Македонската А репрезентација утре против Еренија го игра првиот домашен натпревар од Лига на Нации. По официјалниот тренинг, на денешната прес-конференција зборуваа селекторот на Македонија, Игор Ангеловски и капитенот, Горан Пандев. 

-Ова е најзначајниот натпревар за нас, сметам дека добро го анализиравме противникот и подготвени ќе влеземе во дуелот. Мене ми е важно како ќе функционира мојот тим. Ако функционираме како на претходните натпревари, не гледам причина зошто да не го добиеме овој меч. Барсегјан и Хамбарџумјан играа во Македонија, заедно со Фелипе се најдобрите странци што играле во нашата земја. Но, сега ќе бидеме на спротивни страни.победникот во оваа Лига Д во нашата група ќе се бара меѓу нас и Ерменија. Очекувам да забележиме позитивен резултат, изјави Игор Ангеловски. 

Капитенот Горан Пандев вели дека утрешниот натпревар е најзначаен во нашата група.

- Се подготвуваме како и за сите други натпревари. Сметам дека максимално спремни ќе влеземе во дуелот. Оваа пресметка е најзначајна во нашата група. Ерменија е квалитетна селекција, но ако ние бидеме на нашето ниво, ќе успееме да оствариме позитивен резултат, изјави Пандев. 




   
   
Актуелности
Календар

26 Сеп

15:30 Македонија - Босна и Херцеговина
    Жени У17 квалификации за Европско
15:30 Унгарија - Франција
    Жени У17 квалификации за Европско

12 Окт

00:00 Русија - Македонија
    У21 квалификации за Европско

13 Окт

20:45 Македонија - Лихтенштајн
    УЕФА Лига на Нации

16 Окт

14:30 Македонија - Гибралтар
    У21 квалификации за Европско
18:00 Ерменија - Македонија
    УЕФА Лига на Нации

16 Ное

20:45 Лихтенштајн - Македонија
    УЕФА Лига на Нации
20:45 Македонија - Гибралтар
    УЕФА Лига на Нации
А репрезентација