А репрезентација: Азербејџан – Македонија на 29. мај во Австрија

Објавено на 11 Април, 2016 во Вести, Вести


Најдобрата македонска репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Азербејџан на 29. мај во Австрија.

Натпреварот против репрезентацијата која ја предводи хрватскиот тренер Роберт Просинечки ќе биде шеста меѓусебна.

На првиот натпревар во 2000. година победивме со 2:1, во квалификациите за СП 2002 година на домашен терен славевме со 3:0 со головите на Ѓорги Христов и Арѓент Беќири, а одигравме 1:1 на гостински терен. Во 2010 година победивме со 3:1, а на последниот контролен дуел во Баку пред пет години година славевме со 1:0 со голот на Горан Пандев.

Македонската репрезентација за натпреварите со Азербејџан и Иран на 2. јуни ќе се подготвува во Восендорф во близина на Виена.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација