А Футсал: Македонија повторно и даде пет гола на Црна Гора

Објавено на 04 Декември, 2014 во Футсал

Македонската футсал репрезентација по вторпат беше поуспешна од селекцијата на Црна Гора во тест натпреварот што се одигра во СЦ „Јане Сандански“.

По вчерашниот триумф од 5-2, избраниците на селекторот Васко Скендеровски победија со 5-3 на вториот натпревар, на полувреме имавме водство од 2-1. Александар Глигоров даде три гола, по еднаш мрежата на Црна Гора ја погодија Мартин Тодоровки и Џо Арсовски.

Футсал репрезентацијата се подготвува за квалификацискиот турнир за ЕП што ќе се одржи во март во Скопје, а се наоѓа во група со Шпанија, Унгарија и со најдобрата второпласирана селекција од прелиминарната фаза.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација