А футсал: Maкедонија постигна 17 голови против Бугарија

Објавено на 16 Јуни, 2014 во Вести, Футсал

Македонската А футсал репрезентација славеше убедливо на двата контролни натпревари против Бугарија одиграни во Куманово и Скопје.

Вкупно 17 гола постигнаа избраниците на селекторот Васко Скендеровски на пресметките против Бугарија. Во Куманово победивме со 7:1, во салата “Расадник“ во Скопје, Македонија ја торпедираше селекцијата на источниот сосед со 10:3. Шест гола постигна Адријан Мицевски, два даде Зоран Левески, а по еден постигнаа Дарко Ранготов и Игор Леовски.

Стручниот тим во нашата репрезентација им даде шанса на сите фудбалери кои беа на списокот за настап против Бугарија.

ГОЛМАНИ: Мирослав Тодоровски (КМФ Железарец), Илчо Удовалиев (КМФ Железарец)

ОДБРАНА: Зоран Левески (КМФ Железарец), Александар Глигоров (КМФ Железарец), Ферид Агуши (КМФ Железарец), Драган Петровиќ (КМФ Скопје 2011), Иван Крстевски (КМФ Железарец), Кристијан Златковски (КМФ Биџо), Таулант Исмаили (КМФ Железарец)

НАПАД: Оливер Јовановски (КМФ Железарец), Мартин Тодоровски (КМФ Железарец), Адријан Мицевски (Square – CRO), Игор Леовски (КМФ Железарец), Исмет Цека (КМФ Сее Универзитет), Дарко Ранготов (Square – CRO).

Натпреварите се играа во рамки на нашите подготовки најпрвин за силниот турнир во октомври кои ќе го организираме во Скопје, а потоа и за почетокот на квалификациите за Европското првенство во Србија. 




   
   
Актуелности
Календар

03 Сеп

00:00 Австрија - Македонија
    Женска А репрезентација квалификации за Европско

05 Сеп

20:45 Израел - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

09 Сеп

20:45 Летонија - Македонија
    А репрезентација квалификации за Европско

10 Сеп

16:00 Македонија - Фарски Острови
    У21 квалификации за Европско
А репрезентација