2017 УЕФА СУПЕР КУП БИЛЕТИ: РЕАЛ МАДРИД – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД

Објавено на 13 Јуни, 2017 во Билети, Вести, UEFA Super Cup


Од денеска до 4. Јули можете да аплицирате за билетиза УЕФА Супер Куп натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед на 8. Август во Скопје, единствено преку UEFA.com: https://supercup.tickets.uefa.com/lottery/welcome_en.html 

Фановите можат да аплицираат за билети за УЕФА Супер Куп натпреварот помеѓу Европскиот шампион Реал Мадрид и УЕФА Европа Лига победникот Манчестер Јунајтед, натпревар кој ќе се одигра на Националната арена Филип Втори на 8. Август во 20:45 часот.

УЕФА Супер Куп билетите се достапни единствено преку UEFA.com. Сите заинтересирани можат да поднесат барање за билет пред крајниот рок, 4. Јули до 14:00 часот (централно европско време).

Може да се аплицира за најмногу четири билети по лице.

-Категории на цени:

Категорија 1: 50 Eвра

Категрија 2: 30 Eвра

Категорија 3: 15 Eвра

Билети за лица со инвалидски колички со придружник: 15 Eвра

Како ќе функционира процесот на апликација за билети:

Продажбата не се врши врз основа на прв дојден – прв услужен. Може да се аплицира во било кое време до затворање на линкот за апликација за билети.

Сите апликации имаат еднаква шанса да бидат успешни. Доколку побарувачката е поголема од расположливите билети тогаш ќе има извлекување за распределба на билетите. Ждребот ќе биде извршен по завршување на периодот за аплицирање.

Секоја валидна апликација ќе биде внесена во системот без оглед на времето на поднесување во рамки на периодот за аплицирање.

Апликантите за билети ќе бидат известени преку електронска пошта дали нивната апликација е успешна најдоцна до 14. Јули.

Исто така, ќе може да се провери статусот на апликацијата на линкот за аплицирање за билети со внесување на корисничко име и лозинка.

Билетите ќе бидат испратени по пошта најдоцна до крајот на Јули. Плаќањето ќе може да се изврши само со платежна картичка.

Билетите не може да ги користи друго лице освен оној за кого се наменети.

Ве молиме да имате в предвид дека плаќањето ќе може да се изврши само со MASTER CARD и VIZA платежни картички, а цените ќе бидат пресметани во ЕВРА.

АПЛИЦИРАЈТЕ ЗА БИЛЕТИ

Како и вообичаено навивачите и јавноста ќе имаат право на најголем број од билетите, до 75 проценти од капацитетот, односно 30.500 седишта (23.000 места за продажба).

Останатите 25 проценти ќе бидат доделени на локалниот организационен комитет, УЕФА, Европските фудбалски Федерации, комерцијалните партнери, радиодифузерите и носителите на телевизиските права.

Сите информации, вклучувајќи услови за користење, како и одговори на често поставувани прашања се достапни на англиски и македонски јазик.

Сите сопственици на билети се обврзани според условите на користење и УЕФА ќе пресеме мерки во случај на било какво прекршување. Електронски направените апликации ќе бидат потврдени од страна на одговорни авторитети со цел да се осигура дека сите оние кои имаат постоечка забрана за присуство на фудбалски натпревари нема да можат да купат билет. Продажбата на билети за УЕФА Супер Куп 2017 ќе се врши единствено преку UEFA.com. УЕФА ги алармира сите фудбалски навивачи да се воздржат од купување билети или ВИП пакети од неафторизирани продавачи, агенти или интернет страни бидејќи истите може да се фалсификувани или невалидни. На купувачите кои не се свесни за овој ризик ќе им биде забрането влегувањето на стадионот.




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација