Вардар по пенал рулетот го освои Купот на Македонија за помлади пионери

Објавено на 27 Мај, 2015 во Вести

Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар ја освоија титулата во Купот на Македонија.

Во финалето од Купот на Македонија за помлади пионери кое се одигра на тренинг центарот „Петар Милошевски", фудбалерите на Вардар ја совладаа Шкендија дури по изведувањето пенали со 10 - 9. Натпреварот во регуларниот дел заврши без голови.

Херој на средбата  беше Филиповски Мартин кој во решавачката серија од пенал завршницата биеше прецизно и му ја донесе на Вардар посакуваната титула од Купот на Македонија. 

Двата тима претпазливо влегоа во натпреварот, главната битка се водеше најчесто на средината од теренот. Во изгледни шанси за постигнување гол кај екипата на Вардар се најдоа Ѓорѓиевски Марко и Ѕурѕу Никола, додека на спротивната страна одлична прилика не искористи Љума Енсар.


- Куп е куп. Во текот на натпреварот имавме неколку одлични можности за постигнување гол, но среќата не не послужи. Сметам дека доколку победевме и во регуларниот дел ќе беше заслужено. Како што видовте, двете екипи беа импресионирани поради што пенал серијата доби подолг тек од вообичаениот. Во пенал серијата потребно е среќа. Овој пат таа беше на наша страна. Честитки за моите фудбалери кои го надополнија успехот на кадетите. Тие се иднината не само на нашата екипа, туку и на македонскиот фудбал во целина, изјави тренерот на Вардар, Сашо Тодоровски.

ВАРДАР: 1. Зибери Малик  2. Петковски Христијан  3. Стојчески Марко  4. Пешевски Виктор (16. Филиповски Мартин)  5. Рамиќ Елвир  6. Каркалашев - Трајковски Горјан  7. Дарлишта Кренар  8. Ристовски Кристијан  9. Ѓорѓиевски Марко  10. Бериша Јакуп  11. Ѕурѕу Никола

ШКЕНДИЈА: 1. Абази Бујар  2. Неби Јонуз  3. Мустафи Етник  4. Алиу Донат  5. Каримани Илбер  6. Рамадани Адхурим (17. Рамадани Арсим)  7. Љума Енсар  8. Реџепи Бесарт  9. Рамадани Ристем (18. Хајредини Агон)  10. Рамадани Флорент  11. Мемиши Миран (13. Демири Ардит)




   
   
Актуелности

16.04.2024    Вести

ФФМ и федерациите од регионот со безусловна поддршка за Александар Чеферин

На регионален состанок во Тирана, асоцијациите од Југоисточна Европа дискутираа за различни прашања и предизвици. Безусл...

Календар
А репрезентација