Репрезентација до 17 години: Одигран вториот контролен натпревар против селекцијата на Словенија

Објавено на 22 Септември, 2016 во Вести, До 17 год


Во вториот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски" во рамки на комплексот „Куќа на фудбалот", младата репрезентација на Македонија до 17 години беше поразена со 1:0  од селекцијата на Словенија.

Во првото полувреме противникот делуваше многу подобро на теренот, посигурно и покрај погодокот пропушти неколку изгледни прилики. Во 17. минута Словенија ја затресе нашата мрежа, а сигурен реализатор беше Алмин Куртовиќ. Одлични можности за гол не искористија Жан Колмановиќ и Мај Митендорфер.

Во продолжението од средбата, нашата млада репрезентација предводена од Добринко Илиевски ги консолидираше своите редови, сепак недоволно за промена на резултат. Најдобрата прилика во нашиот табор ја имаше Дарко Чурлинов. До крајот на средбата Македонија пропушти уште една добра прилика преку нововлезениот Кире Трпчевски.

МАКЕДОНИЈА - СЛОВЕНИЈА 0:1 (0:1)

МАКЕДОНИЈА: 1. Методија Велковски  13.  Кристијан Трпчевски  3.  Филип Антовски  6. Никола Спасов  10. Енис Фазлагиќ  4. Ангел Страторски  18. Филип Алексовски  8. Дарко Чурлинов  9. Бојан Колевски  7. Анес Османовски  17. Бериша Јакуб ; Селектор: Добринко Илиевски;

Клупа за резервни фудбалери: Мите Секулов, Лука Трајковски, Стефан Симоновски, Бесник Ферати, Емир Скендери, Стефан Колески, Марко Симуновиќ, Кире Трпчевски




   
   
Актуелности

08.04.2024    Вести

Македонија до 14 години: Второ реми без голови против Турција

Неџат Шабани: Бевме подобар противник и заслуживме барам победа на еден од двата натпревари....

06.04.2024    Вести

Женската репрезентација до 19 години запиша нова победа

Селекцијата на Астрид Мерко славеше со 2:0 против Литванија....

Календар
А репрезентација