Репрезентација до 16 години: Пораз од Турција на вториот контролен натпревар

Објавено на 17 Декември, 2015 во Вести, До 17 год


Младата репрезентација на Македонија до 16 години беше поразена со 2:1 од Турција во рамките на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.

Нашата репрезентација одиграа одлично прво полувреме во кое имаа предност од 1:0 со афтоголот на Еркан Синин во 44 минута од средбата. Во продолжението од натпреварот, селекцијата на Турција успеа да направи комплетен пресврт и успеа да слави победа од 2:1. Во првите 5 минути од продолжението, Бекир Мелих погоди за израмнување на резултатот. Голот за победа го постигна Озан Мухамед во 62 минута.

МАКЕДОНИЈА - ТУРЦИЈА 1:2 (1:0)

(1:0 Еркан Синан (афт) 44`; 1:1 Бекир Мелих 50`; 2:1 Озан Мухамед 62`)

МАКЕДОНИЈА:  1. Малик Зибери  3. Филип Антовски  4. Ангел Страторски  5. Мартин Ристов  7. Дарко Чурлинов  9. Бојан Колевски  10. Енес Фазлагиќ  11. Марио Наумовски  14. Бесир Рамадани  15. Алтин Сефо  18. Ферати Бесник;

ТУРЦИЈА:  1. Атакан Акиол  3. Бекир Мелих  4. Озан Мухамед  6. Хасан Али Адиѓузел  11. Ертугрул Тексен  13. Сахан Аѓујуз  14. Исмаил Кокалис  16. Метехан Јилмаз  17. Беркај Гормеш  18. Ќерем Атакан  20. Јунус Акѓун;




   
   
А репрезентација