Селекторот Јетон Несими го соопшти списокот на фудбалери за претстојниот Уефа квалификациски турнир

Објавено на 01 Октомври, 2016 во Вести, До 19 год


Младата репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 6 до 11 октомври ќе настапува на УЕФА мини – квалификацискиот турнир за пласман во наредната (елитна) рунда квалификации кој ќе се одржи во Полска.Во рамките на групата 11, нашите млади фудбалери силите ќе ги одмерат со селекциите на домаќинот Полска, Северна Ирска и Словачка.

Спроти овој УЕФА квалификациски турнир, селекторот Јетон Несими го објави списокот на фудбалери кој ќе отпатува во Полска:

Голмани: Ристо Јанков (Работнички), Христијан Стевковски (Скопје);

Одбрана:Виктор Стојковски (Металург), Михаил Маневски (Академија Пандев), Нехар Садиќи (Работнички), Антонио Митрев (Металург), Есмин Личина (Вардар), Ване Јованов (Академија Пандев);

Средина:Давор Здравковски (Македонија Ѓ.П.) , Дарко Додев (Металург), Даниел Миловановиќ (Академија Пандев), Шефит Шефити (Шкендија), Агон Хани (Словацко), Јани Атанасов (Академија Пандев), Албан Сулејмани (Погон Сиедлце, Елиф Елмаз (Работнички);

Напад:Милан Ристовски (Работнички), Емил Абаз (Динамо Загреб);

УЕФА мини – квалификациски турнир, Полска

Распоред на натпревари:

6. октомври   Полска – Македонија  15.30 часот

8. октомври  Македонија – Северна Ирска  11.00 часот

11. октомври Словачка – Македонија  15.30 часот

Собирот на нашите млади фудбалери е закажан на 3. Октомври ви 11.00 часот во хотел „Карпош”.

Домаќин на следниот Европски шампионат за селекции до 19 години ќе биде Грузија.




   
   
Актуелности

27.03.2024    А репрезентација - Вести

„Анталија Куп 2024

Младата репрезентација на Македонија до 18 години одигра нов добар натпревар и ја забележа втората победа во рамките на ...

Календар
А репрезентација